ДЗС: Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2021

ДЗС: Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2021

 

 

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2021 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на октомври 2021 година и изнесува 14.5, а во однос на ноември 2020 година е зголемен за 1 процентен поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2021, во однос на октомври 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на ноември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2021 година изнесува 69.6 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.1 %, неизвесното економско опкружување со 15.5 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.0 % и недоволната домашна побарувачка со 12.9 %.

Категории: Вести