Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа средба со претставници на земјоделски здруженија и преработувачи на којшто се разговараше за сите аспекти на развој на договорното производство на пченка и сончоглед.
На состанокот, како што соопшти МЗШВ, беа предложени мерки за развојот на ова производство и начинот на договарање меѓу двете страни за овие две суровини, пченката како важна суровина за производство на добиточна храна и сончогледот како суровина за маслото за јадење.
Министерот Николовски на состанокот посочи дека министерството веќе работи на мерки коишто ќе придонесат за зголемување на површините и приносите на овие две стратешки култури. Мерките ќе бидат насочени кон тоа што им е најважно во моментот на земјоделците, односно во делот на финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива.
– Придобивките од развојот на овој модел се заемни, земјоделците добиваат сигурен пласман, откупувачите и преработувачите сигурна домашна суровина. Поддршката за договорно производство, за земјоделците значи мотив повеќе да ги насеат овие значајни култури, се наведува во соопштението.
Министерот Николовски посочи дека целта е да се стават сите и земјоделци и преработувачи во еден систем кој ќе гарантира сигурност на производството, што ќе приодонесе за зголемување на домашното производство на оваа значајни земјоделски култури.
Слични Новости
Покана за учество во заедничката делегација на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6) на „23. МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС САЕМ ВО МОСТАР

