Европската комисија наведува дека домашниот штурец ќе биде достапен на пазарот на ЕУ во сите форми, замрзнат или сушен и во прав.
Наменет е да се конзумира како ужина или додаток во исхраната.
Претходно, Европската агенција за безбедност на храна заклучи дека потрошувачката на овој инсект е безбедна во согласност со методите на употреба што ги дава производителот.
Во Брисел наведуваат дека Организацијата за храна и земјоделство ги наведува инсектите како хранлив и здрав извор на храна со висока содржина на масти, протеини, витамини, влакна и минерали.
Се додава дека инсектите веќе сочинуваат значаен дел од секојдневната исхрана на стотици милиони луѓе ширум светот и може да се идентификуваат како алтернативен извор на протеини што би го олеснил преминот кон поодржлива исхрана во Европа.
Во моментот, можете да уживате во вкусот на жолто-брашнестиот црв и скакулецот.
Извор: European Commission