Како овошјето да го одржите свежо подолго време?

Како овошјето да го одржите свежо подолго време?

 

Овошјето, како и зеленчукот потребно е да се чува на соодветно место доколку сакаме да го задржи свежиот и здрав изглед и да трае подолго време. Еве неколку предлози за чување свежото овошје:

Банани – наједноставен начин да се зачува свежината на бананите е да се завиткаат со фолија околу рачките и да се остават на собна температура. Ако сакате да го одложите созревањето, друг начин е и одвојување на бананите и посебно обвиткување на секоја во пластична обвивка. На тој начин ќе се намали испуштањето на етиленскиот гас и ќе се избегне брзо потемнување на бананите. Кога ќе созреат, можат да се чуваат во фрижидер, бидејќи ниската температура го спречува понатамошното зреење на бананите. 

Ако сакате да ги користите бананите неколку месеци, излупете ги, пресечете ги на половина, ставете ги во најлонска ќеса и замрзнете ги. Вака замрзнатите банани се одлични за подготвување на смути или сладолед.

Цитрусните овошја – чувајте ги на собна темепература, во кошница за овошје,  но не на директна сончева светлина. Ако Ви треба само половина лимон, другата половина може да ја замотате во алуминиумска хартија или да ја попрскајте со сол. На овој начин ќе ја задржи свежината и до три дена. Пред употреба измијте го лимонот со вода.

лимон

Извор: Pixaby

Авокадо – завиткајте го авокадото во хартија и ставете го во хартијана кеса доколку сакате побрзо да созрее. Вообичаено се потребни седум дена за созревање,  но ако го користите овој начин доволни се од три до пет дена за созревање. Ако во хартиената кеса заедно со авокадото ставите и банана, ќе созрее само за само два дена.

Ако авокадо сте го пресекле на два дела за да ја зачувате свежината, попрскајте го со лимон или со масло за јадење. Потоа ставете го со неколку парчиња кромид во пластичен сад за складирање во фрижидер.  Ако на овој начин го складирате авокадото, тоа нема да ја смени својата боја по два дена.

авокадо

Извор: Pixaby

Дињи, круши, праски и нектарини – чувајте ги на собна температура за да можат постепено да созреваат. Откако ќе созреат целосно, можете да ги чувате во фрижидер уште неколку дена.

Киви – треба да се чуваат на собна температура, додека сеуште се несозреани и тврди. Кога ќе омекнат се ставаат во фрижидер, каде може да се чуваат и до две недели.

Цреши и бобинки – чувајте ги во фрижидер. За најдобар вкус, консумирајте ги истиот ден кога ќе ги купите.

цреши

Извор: Pixaby

Јагоди  – користете бел оцет да ги дизифицирате јагоди пред јадење. Земете раствор сооднос вода и оцет (2:1) и нека одстојат во течноста околу петнаесетина минути. Потоа измијте ги јагодите и можете веднаш да ги дегустирате.

Грозје – најдобро е по купувањето да го складирате во сад и да го чувате во фрижидер. Измијте го грозјето пред јадење.

Јаболка – ако сакате да го одложите процесот на созревање ставете ги во хартиена кеса и чувајте ги во фрижидер, каде ќе останат свежи и до две недели.

јаболка

Извор: Pixaby

 

Категории: Здрава храна