Перга – Совршен суплемент во исхраната на човекот

Перга – Совршен суплемент во исхраната на човекот

 

 

Пергата е пчелин производ со огромна нутритивна вредност. Често се нарекува и пчелин леб, што пчелите го користат за исхрана, за создавање на матичен млеч и добро функционирање на целиот систем во самата кошница. Ако има недостаток на перга во самите рамки, матицата го намалува интензитетот на полагање на јајца при што настанува општо намалување на популацијата на пчелите во едно пчелно семејство. Во пролет, при појава на првите цветови започнува собирање на поленот, пчелите го внесуваат во кошницата и го складираат. При самото складирање заедно со поленот, пчелите преку нивните жлезди внесуваат ензими за започнување на процесот на ферментација на поленот.  Во период од 21 ден при одредена температура и влага која се одржува во кошницата настанува целосна ферментација на поленот и се создава пчелиниот леб, односно перга. По завршување на целиот процес, пчелите работнички со нанесување на тенок слој од мед го конзервираат и е спремен за употреба.

перга мед

Извор: Pixabay

При споредба со поленот во својата примарна  форма, пчелиниот леб е за 9 пати поквалитетен од поленот. Поленот содржи обвивка направена од целулоза во која се зачувани сите хранливи вредност, а при процесот на ферментација обвивката се разложува и содржината станува многу подостапна за конзумација.

Пергата е сложена мешавина составена од приближно 30 проценти протеини, 25-35 проценти јаглехидрати, 1,5-2 проценти липиди, а остатокот се разни нутритивни органски соединенија како што се слободни аминокиселини, фолна киселина, витамин К и масни киселини.

перга

Извор: Freepik

 

Во составот на пергата откриени се сите материи кои се наоѓаат и во млечот: белковини, масти, витамин А, Б-комплекс витамини, фолна, пантотенска, никотинска киселина, рибофлавин и др. Познато е дека пергата помага во случај на анемија (слабокрвност), стомачни тегоби, зголемен крвен притисок, артериосклероза и знаци на прерано стареење. Помага и при превенција и лечењето на проблеми со простатата. Пергата ја обновува цревната флора која оштетува од честа употреба на антибиотици. Децата кои страдаат од дијареа и анемија или тешки инфективни заболувања треба да ја конзумираат пергата.

Пергата може да ја конзумираат и возрасни и деца над 2 години. Препорачаната дневна доза е 3-4 зрнца за деца и 6-12 за возрасни. Пергата може да се употребува директно или пак да се помеша со јогурт, смути или друг омилен пијалок или оброк.

Фото: www.htgetrid.com

Категории: Здрава храна