Највлијателните седум држави во светот со иницијатива за бизнис акции за создавање на одржливи системи за храна

Највлијателните седум држави во светот со иницијатива за бизнис акции за создавање на одржливи системи за храна

 

На 16 декември 2021 година, Г7 ја започна иницијативата за одржлив синџир на снабдување со која се свикуваат глобалните прехранбени и земјоделски компании за да се обврзат во подобрување на нивните операции и влијанија кои ги имаат врз животната средина, луѓето, произведената храна и целиот синџир на набавки. Целта е да се забрза глобалниот напредок кон Целите за одржлив развој и конкретно да се трансформираат прехранбените системи за да бидат поодржливи, инклузивни и поотпорни.

Како дел од оваа иницијатива, 22 компании се фокусираат кон подобрување на своите системи, чиј што напредок ќе биде измерен според Реперот за храна и земјоделство на Светската алијанса за бенчмаркинг (WBA). Вкупно, 22те  компании остваруваат над 550 милијарди американски долари годишен глобален приход, директно вработуваат над 2 милиони луѓе и овозможуваат создавање на уште поголем број на работни места низ нивните синџири за снабдување.

Улогата на World Benchmarking Alliance (WBA) како независен механизам за следење е да го прегледа напредокот на компанијата, како и одговорното управување на самата компанија. Увидите на WBA ќе ги покажат водечките деловни практики и ќе ги идентификуваат пошироките потребни активности кои треба да бидат извршени од страна на државниот и бизнис секторот за да се постигне напредок кон реализација на трансформацијата на системите за храна.

“Моментално не постои механизам за да ги оценува прехранбените и земјоделските компании во поглед на нивното влијание и одговорноста што ја имаат во создавање на одржливи синџири на храна и набавка, и како резултат на тоа гледаме дека поголемиот дел од компаниите ја избегнуваат својата одговорност и не преземаат итни активности кои што се потребни да се изведат. Подеднакво, оние компании кои водат сметка за своето влијание и ја исполнуваат својата одговорност не се соодветно наградени. Затоа, Светската алијанса за бенчмаркинг ќе продолжи да ги мери перформансите на највлијателните светски прехранбени и земјоделски компании во текот на следната деценија, на начин што е слободен и јавно достапен.” – Гербранд Хаверкамп, извршен директор, Светска алијанса за бенчмаркинг.

Како дел од напорите за да се создадат одржливи и безбедни синџири на храна  и набавки во европските земји е и проектот CITIES2030 („Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“) кој има главна цел да создаде урбани системи за храна и екосистеми адаптирани на претстојните предизвици каде централно место ќе има човекот. Проектот CIITES2030 ќе ги обедини истражувачите, претприемачите, лидерите на граѓанското општество и сите чинители на урбаните системи за храна и екосистемите, кои заедно ќе работат во насока на трансформација и преструктуирање на начинот на производство, транспорт, снабдување, рециклирање и повторна употреба на храната во 21 век.

Проектот CITIES2030 со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.

 

 

Категории: Зелен развој