Погодените земјоделци од Преспа од утре ќе може да пријавуваат штети

Погодените земјоделци од Преспа од утре ќе може да пријавуваат штети

Земјоделците од Преспанскиот регион кои беа погодени од силното невреме ќе може веќе од утре да ги пријават настанатите штети до локалната власт, по што ќе се направи увид и ќе се извршат проценки на загубите.

„Уште во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на шетите. Сите алатки кои се во наши раце ќе бидат употребени во заштита на трудот на преспанскиот земјоделец“, истакна градоначалникот на општина Ресен  Живко Гошаревски.

Невремето со сител ветер и дожд најмногу се одрази на овошните насади во Преспа. Градоначалникот Гошаревски изврши увид во селото Царев Двор.

Категории: Вести

Слични Новости