Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизведителите – Ќе добиваат по три денари за килограм предадена арпа

Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизведителите – Ќе добиваат по три денари за килограм предадена арпа

 

 

Почна исплатата на финансиската поддршка за земјоделците кои произведуваат ориз, со што тие добиваат по три денари за килограм предадена арпа кај регистрираните откупувачи.

Исплатата се реализира според законските мерки што претходно ги донесе Собранието, а како помош при надминувањето на влијанието од Ковид пандемијата врз производството и пласманот на оризот.

-По сеопфатните анализи што во изминатиот период ги направи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до Владата беше предложен Закон за финансиска поддршка за намалување на последиците од пандемијата. Според усвоеното законско решение, помошта ќе ја добијат земјоделците кои предале оризова арпа во периодот од 1 јануари до 15 декември годинава. Генералниот секретаријат на Владата ќе им исплати паричен надоместок на вкупно 1401 барател по оваа мерка. Притоа, вкупната количина на предадена оризова арпа во наведениот период изнесува 21 милион килограми, а ќе се исплатат 61 милион денари, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство од Кочани

Од ресорното министерство информираа дека покрај интервентната финансиска помош, зголемени се и редовните субвенции за оризот од 25 на 30 илјади денари за хектар, а има и пораст од 50 на 70 отсто кај надоместокот за „зелена нафта“.

 

Категории: Вести