Проектот БиоРурал дел од програмата Хоризонт Европа го лансираше својот дигитален пакет со алатки!

Проектот БиоРурал дел од програмата Хоризонт Европа го лансираше својот дигитален пакет со алатки!

 

Одлични вести од проектот БиоРурал, финансиран од страна на Хоризонт Европа програмата на Европската Унија: Лансиран е Пакетот со алатки на Биорурал – интегрирана дигитална платформа која ве очекува да ги откриете нејзините бројни и уникатни опции!


Преглед на опциите на Пакетот со алатки

Проектот БиоРурал е посветен на поврзување на клучните точки со цел отклучување на потенцијалот на Европските рурални области за транзиција кон циркуларна Биоекономија. Дизајнот на дигиталниот пакет со алатки е со отворен пристап, фокусиран на корисникот. Целта на овој пакет е да претставува интегрирана и веб-базирана алатка за сите теми поврзани со биоекономијата.

Пакетот со алатки на Биорурал им овозможува на корисниците пристап до:

  • Европската Мрежа за Рурална Биоекономија со интерактивна мапа на индетификуваните членови на мрежата
  • Листи со факти за руралната Биоекономија и моменталната состојба на национално ниво
  • Инвентар на Биоекономијата составен од научно-истражувачки трудови, комерцијализирани био-базирани решенија и можности за финансирање
  • Досега идентификуваните 8 Успешни приказни на БиоРурал и нивните главни карактерситики во комбинација со одлични аудио-визуелни материјали
  • Геопортал на Биомаса кој ја прикажува теоретската достапност на широк спектар на суровини

Покрај овие интересни опции кои се веќе достапни постојат и многу други кои се во фаза на развој и имаат за цел да обезбедат платформа за целосен преглед на Биоекономијата. Тука се вклучени: онлајн обуки, практични апстракти, бизнис модели, насоки поврзани со истражување и политики, како и резултати од работилниците за зајакнување на капацитетите прикажани во форма на листи со факти и аудио-визуелни материјали.

Развој на Биоекономијата преку размена на знаења

Дел од проектот е серија на онлајн работилници за размена на знаења чија цел е да обезбедат потребни алатки за позитивно влијание врз нашата планета. На овие работилници експерти од повеќе области на биоекономијата ги споделуваат своите искуства, знаења и научени лекции. До овој момент успешно се одржани работилниците од областите Биохемикалии и Боматеријали и Акватични Системи со присуство на голем број на учесници, а видео записите од истите се веќе достапни на официјалниот Youtube каналот на БиоРурал.

Во наредниот период следуваат:  Работилниците за размена на знаења за Земјоделство и Храна (14-16 февруари 2024), Шумарство и Природни живеалишта (11-15 март 2024) и Биоенергија (15-19 април 2024).

Доближување на биоекономијата до Европските рурални области

Препознавајќи го степенот на важност на мотото ,,Мисли глобално, делувај локално”, партнерите кои се дел од конзорциумот на БиоРурал со здружени сили ќе организираат 42 работилници во одбрани рурални области во 14 Европски земји кои ветуваат зајакнување и забрзување на примената на биобазирани иновативни решенија во производството на копнени биолошки суровини, аквакултурата и биобазираните индустрии и услуги!

Успешно се одржани повеќе од 15 национални работилници во рурални области во Грција, Шпанија, Литванија, Данска и Португалија на кои се обединуваат локалните чинители во Биоекономијата, од земјоделци и студенти, па се до локални и регионални државни институции со цел отварање на патот кон циркуларна економија на локално ниво.

Вклучете се на социјалните медиуми на проектот БиоРурал и посетете ја нашата веб страна за повеќе информации за нашите следни работилници и активности посветени на забрзување на интеграцијата на биобазираните решенија во Европските рурални области!

Проект Био Рурал:


 

Автор: Илија Поп Стефанија

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Слајдер