Растителните масла со благ пораст на цените на глобално ниво

Растителните масла со благ пораст на цените на глобално ниво

 

ФАО индексот на цените на растителното масло во просек изнесуваше 168,6 поени во септември, што е за 1,7 % повисоко од минатиот месец и околу 60 % над нивото од претходната година. Зголемувањето главно беше предизвикано од повисоките цени на маслото од палма и репка, додека цените за соиното и сончогледовото масло се намалија. Глобалните цени на палминото масло имаат континуиран тримесечен раст, достигнувајќи го максимумот во последните десет години, пред сè како резултат на силната глобална побарувачка за увоз, која воедно се совпадна со намаленото производство во Малезија (поради недостаток на работна сила). Глобалните цени на маслото од репка, исто така, значително се зголемиja како резултат на долготрајната глобална затегнатост на понудата. Од друга страна, светските цени на сојата и сончогледовото масло се намалија во септември, како резултат на неизвесностите во однос на навлегувањето на соиното масло во индустријата за биодизел и поголемото глобално производство во сезоната 2021/22.

Извор: ФАО

 

Извор: ФАО

 

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести, Пазари