Земјоделец од турската провиниција Ајдин, потрошил 7.000 турски лири (приближно 1.800 евра) за најсовремено музичко озвучување кое го вградил во својот трактор.
Триесетгодишниот Мурат Карлеоглу, е главна атракција во селото. Тракторот модел „Маси Фергусон 266-Ге“ и претходно имал стереосистем, но ексцентричниот фармер не бил задоволен од „количината“ децибели коишто тој ги произведува, па затоа решил да го надгради со звучници со поголема моќност, грамаден субвуфер, поддржан од уште помоќни засилувачи, пишува think.
Интересот на медиумите го натера Мурат да подразмисли и за бизнис можностите, кои му ги отвора популарноста. Тој во една прилика изјави дека има идеја да го издава својот трактор под наем, за свадби и други свечености.
Категории:
Вести