ЈАВЕН ПОВИК за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи
Ј А В Е Н П О В И К за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи-трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет
Врз основа на член 101 став (2) од Законот за земјоделство и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21) и член 5 став (1) алинеја 4, член 11 став (1) и член 12 став (1) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19, 236/19 и 53/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува Ј А В Е Н П О В И К за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање на овој Јавен повик, како и потребните документи може да дознаете на официјалната страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.