,,Не постои резервна планета” – нова кампања „ЕУ со ТЕБЕ” фокусирана на Европскиот зелен договор

,,Не постои резервна планета” – нова кампања „ЕУ со ТЕБЕ” фокусирана на Европскиот зелен договор

 

,,Не постои резервна планета” е слоганот на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ” фокусирана на Европскиот зелен договор, што  ја промовираа шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров

Целта на кампањата е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Кампањата повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува.

-Кампањата „ЕУ со ТЕБЕ” за Европскиот зелен договор поставува „Музеј на иднината” како потсетник за тоа што може да се изгуби во текот на нашиот живот поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Тоа е повик за будење за потенцијалното губење на најсуштинските работи на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, но и на локално скапоцените продукти како што е познатиот домат – Јабучар за Македонија, Затоа, кампањата повикува на силна политичка посветеност за ублажување на климатските промени, спречување на загадувањето, заштита на биолошката разновидност, промовирање на одржливо земјоделство и производство на храна, декарбонизација на енергијата и транспортот. Разликата може да се направи само преку иницијатива и акција – и на национално и на локално ниво. Европската унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага. Во оваа „трка до нула”, потребно е секој да стигне до целта и потребно е секој од нас да придонесе за Европскиот зелен договор да стане реалност, велат од Канцеларијата на ЕУ во земјава.

 

Извор: МИА

Фото: © Pop Nukoonrat

Категории: Вести