(Видео) Дали земјоделството од мали размери може да го нахрани светот?

(Видео) Дали земјоделството од мали размери може да го нахрани светот?

 

Дали земјоделството од мали размери може да го нахрани светот и да ги запре климатските промени?

Во овој кус видео есеј посветен на климатските промени, едноставно насловен како „Клима во менување“, се понудени одговори на прашањето, дали земјоделството од мал обем може да го нахрани светот? Поточно, даден е осврт како индустриското земјоделство и зелената револуција доведоа до зголемени емисии на стакленички гасови од земјоделството и сериозно го уназадија здравјето на почвата. Земјоделството од мали размери, кое во видеото е дефинирано како збир од регенеративни фарми кои користат традиционално знаење, разновидност на културите и алатки со ниска емисија на јаглерод, не само што може да го нахрани светот,  туку и да го направи истото на начин што ги ублажува и можеби ги менува ефектите од климатскиот хаос и индустриското земјоделство. Малите фарми, исто така, нудат простор за окрупнување на помалите произведувачи и добвање позиција на моќ, а со тоа и можност за формирање на организирани движења кои ќе ги застапуваат нивните интереси. Малите фарми се претставени како прибежишта за обичниот фармер во процесот на трансформирање на нашиот сегашен неодржлив капиталистички систем.

 

Категории: Зелен развој