Германските земјоделци што помогнале со своите трактори ќе добијат финансиска помош од државата

На официјалната изјава која стои на вебсајтот на германското Министерство за земјоделство, министерката Јулија Клокнер се заблагодари на сите семејства кои се занимаваат со земјоделство кои помогнале со своите трактори во процесот на спасување на настраданите и во чистење на непроодните патишта. Исто така во изјавата, им беше ветена финансиска поддршка за сите поплавени полиња, машини и објекти, како и за сите домашни животни кои што настрадаа за време на поплавите.
Според германското Министерство за животна средина, поплавите претставуваат национална катастрофа и се знак дека климатските промени стигнаа и во Германија. Министерката Свења Шулце истакна дека државата не може да си дозволи да не инвестира во мерки за ублажување на климатските промени.
Извор: agro.bg
Слични Новости

Жителите на повеќе ЕУ членки се плашат од недостиг на брашно и масло – Продажбата ограничена на едно шише

Признанија за “Најдобри во Агробизнисот” за Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје и за деканот проф. д-р Лазо Пендовски на 88. Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад, Србија
