ДЗС: За 3,6% намален откупот и продажбата на земјоделски производи во последниот квартал лани
227 Прегледи
Според податоците што ги објави Државниот Завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 5 900 641 000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3.6%.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 7.9 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 6.6 %.
Намалувањето е забележано кај индустриските производи, овошјето, добитокот, млекото, млечните производи и рибата, а кај другите земјоделски производи има зголемување.
Категории:
Вести