Зошто цената на млечните производи понатаму расте?

Зошто цената на млечните производи понатаму расте?

 

ФАО индексот на цените на млечните производи за ноември во просек изнесуваше 125,5 поени, што е за 3,4 % повеќе во однос на октомври и 19,1 % над нивото во истиот месец минатата година.

Во ноември, меѓународните цени на путерот и млекото во прав нагло се зголемија поттикнати од намалената достапност за извоз и исцрпените залихи. Во исто  време, испораките за овој вид на продукти се намалија во земји производители на млеко од Западна Европа, што се совпадна со намаленото производство во Океанија.

Силната глобална побарувачка за увоз и зголемените напори на купувачите да обезбедат набавки во очекување на затегнување на пазарите, допринесоа кон дополнителен притисок врз цените, и покрај несигурноста на пазарот во врска со краткорочната побарувачка предизвикана од зголемувањето на социјалните ограничувања поврзани со КОВИД-19. Цената на кашкавалот благо се зголеми како одраз на зголемената побарувачка и доцнењето на испораката што ја попречи продажбата од светските добавувачи.

ФАО млеко

Извор: ФАО

ФАО млеко

Извор: ФАО

ФАО млеко

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари