Поволните временски услови и постигнување на очекуваниот принос ги намали светските цени на житариците

Поволните временски услови и постигнување на очекуваниот принос ги намали светските цени на житариците

 

ФАО индексот на цени на житариците во јуни во просек изнесуваше 129,4 поени, што е за 3,5 поени помалку (2,6 проценти) во однос на мај, но сепак 32,7 поени (33,8 проценти) над вредноста во јуни 2020 година. Откако во мај го достигнаа највисокото ниво  од јануари 2013 година, глобалнитецени на пченката бележат благ пад , но сепак се за над 72 проценти повисоки во споредба со истиот период минатата година. Цените на пченката во Аргентина паднаа поради зголемените залихи од неодамнешната жетва која имаше повисоки приноси од очекуваните. И покрај штетите од сушата, тековните жетви извршија притисок врз цените на пченката во Бразил. Во Соединетите Американски Држави, цените на пченката паднаа кон крајот на месецот, бидејќи врнежите помогнаа во добивање на очекуваниот принос во некои области.

Во врска со останатите житарици, во јуни се намалија и глобалните цени на јачменот и просото, паѓајќи за 2,2, односно 4,9 проценти. Глобалните цени на пченицата забележаа благ пад (за 0,8 проценти) во јуни, но се над 31 процент од минатогодишните вредности. Глобалнитецени на оризот исто така паднаа во јуни, пред сè поради високите трошоци за транспорт и недостиг на контејнери кои продолжија да ја ограничуваат извозната продажба.

светските цени на житариците

Извор: ФАО

светските цени на житариците

Извор: ФАО

светските цени на житариците

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари