И овој месец стабилен пораст на цените на месото во светот

И овој месец стабилен пораст на цените на месото во светот

 

ФАО индексот на цените на месото во јуни во просек достигна 109,6 поени, што е за 2,2 поени повеќе (2,1 процент) од неговата ревидирана вредност за мај, продолжувајќи со својот раст и во деветтиот последователен месец. Моменталната состојба го става индексот 15,6 проценти над неговата вредност во истиот месец минатата година, но сепак 8 проценти под врвот кој беше достигнат во август 2014 година.

Во јуни е регистрирана стабилна глобална побарувачка за увоз на месо. Зголемувањето на увозот во некои источноазиски земји беше компензирано со забавувањето на увозот на месо во Кина, особено на свинско месо. Растот на цените кај сите месни производи е одраз на повеќе фактори, вклучително и ниските залихи на месо од живина во Соединетите Американски Држави, ограничено снабдување со животни подготвени за колење во Бразил и Океанија и извесно закрепнување на продажбата на услуги за храна во најголемите земји извозници.

Месо Јуни

Извор: ФАО

Месо Јуни

Извор: ФАО

Месо Јуни

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Пазари