Производството на млеко и млечни производи во Р.С. Македонија има своја традиција, особено со посебните карактеристики од различните региони на производството. Но, за подобар квалитет на производите потребно е да се обезбеди производство на квалитетно млеко. Особено ако се има во предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на млеко-производството и млечните производи, беше истакнато на вчерашната прес конференција во Стопанската комора на Северна Македонија.
– Во млечната индустрија, обезбедувањето висок квалитет на производите започнува уште од преземањето на сировото млеко од фармите, преку дистрибуцијата, па сè до нивното правилно складирање и чување во директните продажни места. Ова е особено важно за кисело-млечните производи, како што се јогуртот, киселото млеко, павлаката и други производи од овој тип, кои се температурно осетливи и за кои е задолжително, во целиот процес на производството, дистрибуцијата, продажбата, па сè до крајното сместување во фрижидер во домаќинствата, да бидат чувани во специфични услови. Токму овој процес се нарекува ладен ланец, а контролирана оптимална температура на целиот ланец е од 2 до 8 степени, информираше Ѓорѓи Петрушев, Претседател на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко при Стопанската комора на Македонија.
Тој во име на индустријата го изрази задоволството од објавената мерка бр. 4 од страна на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руруалниот развој за набавка на висококвалитетни говеда, овци и кози, со што значително ќе се подобри генетскиот материјал на сточниот фонд како и квалитетот на крајниот производ на пазарот.
Целта на оваа кампања е едукација на крајните потрошувачи и продавачите по продажни места за значењето на ладниот ланец и придобивките од почитувањето на истиот.
- Едукација на потрошувачите и продавачите за важноста на одржувањето на квалитетот на производите се до конзумација
- Едукација за последиците од прекршувањето на ладниот ланец
- Зголемување на задоволството на крајниот потрошувач на млечни производи
- Зголемена конзумација на млечни производи по жител
- Зголемена потрошувачка на млечни производи во продажниот ланец
Запазувањето на ладниот ланец е комплексниот процес, почнувајќи од фармерите и самите млеко-преработувачи, преку дистрибутерите и трговците, па сѐ до крајните потрошувачи. Групацијата прави напори со сите расположливи средства да ги едукација сите засегнати страни за важноста на оддржувањена на квалитетот на производите, но и последиците од прекинувањето на тој ланец, се со цел да се гарантира задовволството кај потрошувачот.
Затоа соработката помеѓу компаниите од комората и надлежните институции, пред се ресорното министерство, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Асоцијацијата на потрошувачи на Македонија треба да се највисоко ниво, во која меѓу другото се токму и повеќе вакви иницијативи и политики што ќе придонесат за развој на индустријата.

Извор: Pixaby
Со сегашната законската регулатива, млекото се плаќа по количина – како литар течност, без оглед на квалитетот. На долг рок, посебно со заложбите за влез во Унијата, таквата состојба е неодржива. Затоа важно е исплата на млекото според матрица на квалитетивни компоненти (масти, протеини, сува материја, микробиологија, вода).
За ова да профункционира, потребен е цел еден систем на поврзани институции кои ќе го спроведуваат и контролираат квалитетот на млекото, и се разбира целиот процес да биде задолжителен за сите чинители на пазарот.
Слични Новости

Стопанската комора на Македонија бара средба со министерот за економија за наоѓање решение околу замрзнувањето на маржите во трговијата

Трипуновски: Ако знаеле од ноември што ќе се случува во Украина зошто власта не обезбеди алтернативни пазари за македонските земјоделци
