МЗШВ: Извршена исплата на субвенциите за лозови насади
650 Прегледи
Преглед
На фејсбук страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше објавено дека е извршена исплата на субвенциите за лозови насади.
,,Над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади денеска се исплатија на 13.854 лозари. Како што ветивме, субвенциите ги исплаќаме пред почетокот на новата производствена сезона.
Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото поизводство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино.’’
Категории:
Вести
Слични Новости
Франција: Не постои ризик од нарушување на синџирот на снабдување со храна поради ширење на сојот омикрон

