МЗШВ: Предлог мерка ,,Модернизација на постбербени технологии и процеси во трговијата со македонските земјоделски производи”
282 Прегледи
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на онлајн состанок за оценувачка мисија од Европската Комисија за Програмата за економски реформи- ЕРП.
Во рамки на оваа програма МЗШВ ја има предложено мерката Модернизација на постбербени технологии и процеси во трговијата со македонските земјоделски производи, со што допринесува во структурните реформи.
„Остануваме посветени на подобрување на конкурентноста на домашните компании, нивната интеграција во глобалниот синџир на вредности и формализација на економијата“, истакна Николовски.
Категории:
Вести