Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96% во однос на малопродажните цени на истите, утврдени согласно одлуката од 31.03.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 ден/лит.
Слични Новости
Николовски: Зајакнати теренски контроли во делот исплати на субвенции и користење на земјоделско земјиште
Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади
Серијал на национални и онлајн работилници во областа на биоекономијата како дел од проектот БиоРурал
Јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2021 година

