Ако нема договор за цената на оризовата арпа, од понеделник генерален штрајк

Ако нема договор за цената на оризовата арпа, од понеделник генерален штрајк

 

Денес,  земјоделците добија ново прологирање до понеделник. Но, овој пат се одлучни, ако нема договор за оризовата арпа од 25 денари за килограм излегуваат на генерален штрајк и масовно блокирање на регионалниот пат Штип – Кочани.

-Протестот овие седум –осум дена е ставен во мирување. Ќе почекаме до понеделник. Доколку оризовата арпа не достигне цена од 25 денари стапуваме во генерален штрајк. И порачуваме да не си игра некој со нервите на оризопроизводителите! Такво понижување и манипулирање во последните неколку години земјоделецот нема доживеано. Ова е страшна работа! -изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор, за Алфа.

Според нив ниту субвенцијата од 3 денари што во саботата ја најави премиерот Заев нема да ја амортизира катастрофалната состојба во која се наоѓа оваа култура. Од друга страна им се врши притисок на откупувачите тие да ги зголемат откупните цени.

-Не сме задоволни! Ние нема да попуштиме ниту еден цент! Наместо да се радуваме, ние плачеме сега! 16 – 17 денари, а преработуачите во моментот не ја откупуваат. Луѓето буквално не знаат што да прават. Немат дрва за огрев, пари за да се испратат децата на училиште. Сите знаеме колку скап стана животот- изјави Арсов.

Изминатиот период оризопроизводителите организираа и неколку протести, а најавија и бојкот на изборите.