Набавена софистицирана опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство изрази огромно задоволство што заеднички со Факултетот за ветеринарна медицина преку Програмата за рурален развој за 2021 година, успеаа да набават софистицирана аналитичка лабараториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна.
Со оваа опрема се подобрува капацитетот и довербата во работењето на јавните институции, се заштитува здравјето на потрошувачите, се зголемуваат истражувачките цели во областа на квалитетот и се отвараат интегративни патишта на нашата земја кон ЕУ, истакна Николовски.
„Безбедноста и квалитетот на земјоделските производи е наш врвен приоритет, но и примарен критериум за пласман на македонските земјоделско – прехранбени производи во ЕУ.
МЗШВ отвара ново поглавје за јакнење на државните капацитети во јавните лабараториски установи и органи во управата кои вршат контрола на квалитетот и безбедност на храна, храната за животни и примероци од животната средина“, посочи Николовски.
Слични Новости

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барањa за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година
