Намаленото производство на млеко ги зголеми цените на млечните производи
Преглед
ФАО индексот на цените на млечните производи во просек изнесуваше 117,9 поени, што е за 1,5 % повисок во однос на август, надминувајќи ја неговата вредност за 15,6 поени (15,2 проценти) во соодветниот месец минатата година. Во септември, глобалните цени за сите млечни производи застапени во индексот пораснаа, од кои нагло пораснаа обезмастеното млеко во прав и путерот, како резултат на солидна глобална побарувачка за увоз, во услови на ограничени извозни капацитети. Ова исклучително е изразено во Европа поради ниските залихи и сезонски намаленото производство на млеко. Ограниченото производство на млеко во оваа рана фаза од новата сезона во Океанија, заедно со ниските залихи, исто така ги крена светските цени на путерот и обезмастеното млеко во прав. Во меѓувреме, цените на млекото во прав и сирењето умерено пораснаа, како резултат на комбинација на ограничено производство, ниски залихи и постојана внатрешна побарувачка во Европа.

Извор: ФАО

Извор: ФАО

Извор: ФАО
Слични Новости
Циркуларна економија во поглед на реупотреба на отпадни материи за производство на нови ѓубрива – BFERST
Синџирите за снабдување со храна се под сериозна закана поради недостигот на работна сила, храната ќе поскапи

