Зајакнување на врската помеѓу рурални и урбани подрачја ќе резултира со отпорни системи за производство на храна
Системите за снабдување со храна на градовите ширум светот, без разлика од структурата и димензиите, скоро секогаш се хибридни т.е. комбинираат различни начини и извори на снабдување и потрошувачка на храна (институционална, малопродажна, улична храна). Некои градови главно, иако не исклучиво, се хранат од урбани, пери-урбани и блиски рурални фарми и преработувачи на храна, додека други градови во голема мера, иако не целосно, се потпираат на храна произведена и преработена во други земји или континенти.
Брзиот урбан раст и растечката урбана несигурност на здрава и нутритивна храна, како и нееднаквиот степен на достапност, дистрибуција и пристап на храна го оспори традиционалното размислување за тоа како треба да се хранат градовите. Во 2015 година беше потпишан првиот меѓународен протокол со кој градовите беа повикани кон развој на одржливи и поотпорни урбани системи за храна. Урбаната експанзија оди рака под рака со зголемување на побарувачката за природни ресурси (земјишни парцели, вода), кои обезбедуваат витална храна и екосистемски услуги за градовите, како и со зголемени предизвици во однос на економската ефикасност, користењето на земјиштето и правата на земјиштето.
Зголемената пренамена на земјоделското земјиште во неземјоделски употреби во иднина може да предизвика проблеми во градовите и руралните области во однос на системите за одводнување и задржување на поплавите, нарушување на снабдувањето со вода за пиење, зголемена температура и загадување на животната средина и нарушување во достапноста и снабдувањето со безбедна храна. Потребна е кохерентност меѓу политиките за одржлива урбанизација, безбедност на храна и исхрана, управување со животната средина и природни ресурси, рурален развој и одржливо земјоделско производство, дистрибуција, маркетинг и потрошувачка за да се реши ова прашање. Се смета дека Системите за Храна во Градските Регион (City Region Food Systems – CRFS) нудат најсоодветно решение преку кој оваа кохерентност може да се реши на одредено територијално ниво. Тие можат да бидат клучна алатка за операционализирање на врските помеѓу Целта за Одржлив Развој (SDG) 2 (безбедност на храна, исхрана и одржливо земјоделство), SDG 11 (инклузивни, безбедни, еластични и одржливи градови), SDG 12 (одржливо производство и потрошувачка).
Во таа цел проектот CITIES2030 како главна движечка сила кон изнаоѓање на решенијата ги гледа потрошувачите. Во согласност фокус на проектот CITIES2030 („Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“) кој има главна цел да создаде урбани системи за храна и екосистеми адаптирани на претстојните предизвици каде централно место ќе има човекот. Проектот CITES2030 ќе ги обедини истражувачите, претприемачите, лидерите на граѓанското општество и сите чинители на урбаните системи за храна и екосистемите, кои заедно ќе работат во насока на трансформација и преструктуирање на начинот на производство, транспорт, снабдување, рециклирање и повторна употреба на храната во 21 век.
Проектот CITIES2030 со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.
Автор: Јована Милосављева
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.