Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 ден/кг и сега ќе изнесува 37,843 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголемат за 1,00 ден/лит. Додека пак, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се зголеми за 0,50 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 63,00 ден/лит, додека пак од полноќ малопродажната цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 74,00 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит.
Категории:
Вести