Сладоледите Баунти Екстра и Алпо Био Кокосов Напиток повлечени од пазарот
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна Алма М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи Баунти Екстра стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.
Операторот со храна ,,Алма М Дооел,, врши отповикување на следниот производ:
Назив на производот: сладоледи Баунти Екстра стапче 1х24 (51.6 гр)
Сериски број/лот- 109F2DOE02, 113A1DOE01, 113A2DOE01 и 113A3DOE01
Рок на употреба: 28.02.2023 година
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител: MARS WIRGLEY
Увозник во РСМ: Алма М Дооел
Дистрибутер во РСМ: Алма М Дооел
Оператор со храна Алма М Дооел
Исто така, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ТДПТГМ Рудине ММ ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на Алпо Био Кокосов Напиток од 1 литар, поради утврдено присуство на етилен оксид.
Операторот со храна ,,ТДПТГМ Рудине ММ ДОО Скопје, врши отповикување на следниот производ:
Назив на производот: Alpro coconut Bio 1L.
Сериски број/лот – 03.01.2022
Датум на производство и рок на употреба – 03.01.2022
Причина за отповикување:- небезбеден производ поради наод на присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител: Данон Сердика АД Бугарија
Увозник во РСМ: ТДПТГМ Рудине ММ ДОО Скопје
Дистрибутер во РСМ: ТДПТГМ Рудине ММ ДОО Скопје
Оператор со храна ТДПТГМ Рудине ММ ДОО Скопје