Војната во Украина го намалува снабдувањето со сончогледово масло

Војната во Украина го намалува снабдувањето со сончогледово масло

 

 

Рускo-Украинскиот конфликт кој е длабоко навлезен во својот втор месец откако започнаа воените дејствија, го нарушува снабдувањето со сончогледово масло ширум светот. Извозот на сончогледово масло на Украина изнесува 47% од светските количини, известува Блумберг, а производителите во земјата проценуваат дека војната би можела да доведе до намалување на производството на житарки и маслодајни семиња под 60 милиони тони, од произведените 100 милиони тони минатата година.

Купувачите ширум светот сега се тркаат да купат алтернативи како што се масло од соја и масло од маслодајна репка. Со зголемената побарувачка и ограничена понуда, цените на сите масла за јадење растат, што ја зголемува глобалната инфлација на храната.

Цената на сончогледовото масло се зголеми за 44% на крајот на март, во споредба со цената од март минатата година.

Маслото од репка се искачи за 72%, маслото од соја за 41%, а палминото масло за 61%.

 

Категории: Вести, Слајдер

Слични Новости