Младинска иницијатива за справување со климатските промени

Младинска иницијатива за справување со климатските промени

 

 

Климатските промени се една од најголемите закани со која се соочуваат децата и младите во светот. Индексот на УНИЦЕФ на климатски ризик за децата открива дека 1 милијарда деца се во „екстремно висок ризик“ од влијанијата на климатските промени.

,,Ние ги претставуваме младите луѓе на С. Македонија. Преку неколку консултативни иницијативи, како што се „Младинско учество за климатска акција и поамбициозни национално утврдени придонеси“Преосмисли ја иднината” и “U-report”го слушнавме гласот на илјадници млади луѓе од целата земја.”

Младите со барања до носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за климатските промени и ги повикуваат јавни и приватни институции да преземат акција во врска со следното:

,,Бараме јавните и приватните институции да поттикнуваат децентрализирано производство на енергија и да се фокусираат на создавање поволна околина за обновливи извори на енергија, особено на соларна енергија. Преку охрабрување на младите луѓе да формираат енергетски задруги ќе им се даде можност да се стекнат со економски придобивки и воедно да придонесат кон справување со климатската криза.”

Прочитајте повеќе за петте барања на младите до носителите на одлуки во рамките на ,,Младинската декларација за климатски промени’’  на следниот линк: https://uni.cf/3nUcF8R

Младинската декларација за климатски промени е усвоена во рамките на Младинскиот самит за климатски промени на 20 октомври 2021.

 

Категории: Вести, Зелен развој