Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда!

Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда!

 

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 март – Меѓународниот ден на жената.

Ковачевски истакна дека 8 март е денот кога даваме гласност на пораките дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда!

„Она за кое јас се залагам, е тоа одбележување да не е само на 8 март. Цврсто стојам на ставот дека овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост – секој ден. 8 март е секако можност да поразговараме за економската, политичката и социјалната рамноправност на жените, но тој е првиот од 365 дена гласност за која јас силно се залагам.“

Освен што беа споменати останатите области каде што е постигнат значителен успех во подобрување на социјалната положба на жената, напоменат беше и грантот за руралните жени од мерката „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, кој е само една од повеќето мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за директна поддршка на индивидуалните земјоделки. Тука се уште и мерките „Млад земјоделец“, како и поддршка за стартување на нов агробизнис.

 

Категории: Вести, Слајдер