Исплатени речиси 1 милион евра субвенции на над 2000 земјоделци

Исплатени речиси 1 милион евра субвенции на над 2000 земјоделци

Над 2000 земјоделци добија на своите сметки речиси 1 милион евра, односно исплатени се 51 милион денари.

Парите се исплатени за мерката „Дополнителна помош од 20 проценти на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.“

– Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Овие корисници ќе добијат 20 проценти повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции, информира директорот на Агенцијата Никица Бачовски.

Исто така, на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени им се 26,1 милион денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства.

Категории: Вести