Се одржа завршниот промотивен настан на кој беше претставен “Системот за рамномерен регионален развој“ што се изработи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” во Клубот на пратениците во Скопје.
На настанот, во живо, беше претставена функционалноста и можностите на електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој „СиРеРа“.
Проектот го спроведува Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, а во континуитет е поддржан од Министерствот за животна средина и просторно плaнирање и Министерството за локална самоуправа.
На средбата свои обраќања имаа вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија во нашата држава, Н.Е. Сибил Сутер Техада.
„Започнувајќи од крајот на 2017 година, Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Министерството за локална самоуправа, во соработка со Амбасадата на Швајцарската конфедерација во Република Северна Македонија и нивната Агенција за развој и соработка (SDC), заеднички започнаa со имплементација на проектот за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, кој еве, сега, успешно се приведува кон крај. Чест ми е да го промовираме овој значаен проект и официјално да извршиме примопредавање на Министерството за локална самоуправа. Проектната единица започна со работа во јули 2018 година и денес, после скоро 3 години на подготовка, изработка и операционализација на планираните активности, може да се каже дека Република Северна Македонија добива одлична алатка за следење на политиката на рамномерен регионален развој, а тоа е системот sirera.mk“, објасни Вицепремиерот Битиќи.
Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Сибил Зутер Техада изрази задоволство што е извршена промоција на новиот дигитален систем sierra.mk и посочи дека очекува со системот да се подобри институционалната комуникација и координација и процесот на планирање, имплементирање и мониторинг на политиките за рамномерен регионален развој, кои беа развивани со поддршка од Швајцарија. Рамномерниот регионален развој е витален за доброто на сите граѓани, особено ранливите категории кои живеат во рурални и неразвиени региони во земјата.