Супер анализа ќе утврди дали одбиеното македонско брашно може да се извезува во Косово

Супер анализа ќе утврди дали одбиеното македонско брашно може да се извезува во Косово

 

По вчерашната средбата на министерот Бектиши со мелничарите и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, кои ги доставиле сите потребни документи, анализи и сертификати, било увидено дека не е направена супер анализата.

Анализата, согласно процедурите за извоз на брашно во склоп на ЦЕФТА договорот имаат право да ја побараат и направат увозниците на брашно, поточно косовската страна што го увезува македонското брашно, а тоа може да го направи и производителот, односно во овој случај мелничарите од македонска страна.

-Утринава имав состанок со мелничарите и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на кој ни ги доставија сите документи, анализи и сертификати кои се направени. Увидовме дека не е направена супер анализа, која согласно процедурите за извоз на брашно во склоп на ЦЕФТА договорот имаат право да ја побараат и направат увозниците на брашно, поточно косовската страна што увезува брашно од кај нас. Ќе чекам да го направат тоа и во текот на денот да ми ги достават и тие документи ако ги имаат, рече Бектеши во одговор на прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.

Бектеши нагласи дека прашањето ќе го актуелизира во Секретаријатот на ЦЕФТА и дека тој лично ќе се ангажира да комуницира со надлежните министерства во Косово.

Мелничарите се надеваат дека министерот ќе го реши проблемот како што ветил, во наредните денови. Тврдат дека брашното ги исполнува критериумите за косовскиот пазар, бидејќи тие го почитуваат правилникот кој е во функција веќе 15 години.

Образложението од косовската страна за вратеното брашно е дека не ги исполнува критериумите за нивото на железо и фолна киселина.  Косово е еден од најважните пазари за домашните мелничари. Месечно таму  завршуваат над 600 тони македонско брашно. Пред пандемијата сме извезле 8.400 тони, а лани поради кризата извозот бил преполовен.

Во меѓувреме Бектеши  посочи дека тече извозот на македонскиот брашно на Косово, спорни се само неколку количини од одредени мелничари.

Категории: Вести