Сушата и топлите бранови трикратно ги зголемиле загубите во приносот во Европа
Според неодамна објавената научна студија која се фокусира на земјоделското производство во 28 европски земји утврдено е дека штетите од негативните атмосферски влијанија како што се топлите бранови и сушата се зголемиле трикратно. Истражувањето го опфаќа периодот од 1961 година до 2018 година преку споредување на податоци за екстремни атмосферски настани (суша, топол бран, поплава и мрзнење), при што податоците јасно укажуваат дека климатските промени веќе делуваат на самото производство и ги зголемуваат шансите за намалување на приносот во текот на производствениот циклус.
Подетално, студијата покажала дека како најштетен настан е сушата, кој се повеќе и повеќе е поизразен во последните неколку години. Од 2015 година, светот е сведок на најтоплите 5 години кои некогаш биле измерени. Исто така, во иднина се очекува овие промени да бидат зачестени и да предизвикаат домино ефект каде што овие негативни влијанија ќе ги погодат и другите индустриски сектори кои што се директно или индиректно поврзани со земјоделското производство во Европа и во целиот свет.
“Житариците кои се одгледуваат на скоро 65% од европското земјоделско земјите се културите кои што највеќе се загрозени од овие негативни атмосферски влијанија. Иако приносот е зголемен за 150% од 1964 година, истражувањето покажало дека ризикот од загуба на приносот за житариците кои што се одгледуваат за сточна храна се зголемува за повеќе од 3% секоја сушна година” – изјави главниот истражувач Тереза Брас од Лисабон.
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.
Слични Новости
Велика Британија ќе се воведува забрана за пластични ќеси, за пакување кечап, мајонез и преливи за салати

