Глобална промоција на вкусови добиени од регенеративно земјоделство – ТЕРА МАДРЕ
Пандемијата со која сè уште се соочуваме го промени начинот на живот, како и односите на луѓето во една заедница. Веќе постоечките предизвици кои беа актуелни и пред пандемијата, дополнително се влошија во поглед на достапност на храна, социјална еднаквост и нееднаквост.
Сега мораме да ја гледаме човечката заедница како растение, кое закрепнувајќи од траумата мора да развива нови гранки, нов живот, нова страст за опстанок.
Како и кај дрвјата, постојат бројни други примери на регенерација во природата, а ние, на ист начин можеме да ја поттикнеме регенерацијата на заедницата: Преку нови начини на обработка и грижа за земјата, можеме да ја регенерираме почвата која е веќе осиромашена од монокултури и синтетички хемикалии. Преку поинаков поглед на пасиштата можеме да ги обновиме планинските области и да го смениме пустошот што следи по нивното напуштање. Регенерацијата е исто така нешто кон што треба да се стремиме за себе, и за храната што ја јадеме.
За таа цел, во смисла на промовирање на нови вкусови и начини на производство на храна ќе се одржи саем на вкусови во Торино наречен Тера Мадре. Со помош на мрежата на Slow Food организацијата ќе се стави фокус на подобрување на земјоделските пракси, системите за производство на храна и нивна дистрибуција, начинот на исхрана, како и навиките на луѓето во поглед на храната. Тера Мадре има за цел да ги опфати и најголемите градови и најмалите села во Европа.
Саемот ќе се одржи од 22ри до 26ти Септември и за првпат ќе земат учество партнер организации кои што ги претставуваат градовите кои што се вклучени во Food2030 проектите (Food Trails, FoosSHIFT2030, FUSILLI, FoodE and Cities2030).
Линк до саемот за вкусови: https://2022.terramadresalonedelgusto.com/
Како проектот CITIES2030 и комплементарните проекти од Food2030 фамилијата придонесуваат кон регенерација на земјоделството и заедниците?
Главната цел на проектот CITIES2030 е да создаде урбани системи за храна и екосистеми адаптирани на претстојните предизвици каде централно место ќе има човекот. Проектот CIITES2030 ќе ги обедини истражувачите, претприемачите, лидерите на граѓанското општество и сите чинители на урбаните системи за храна и екосистемите, кои заедно ќе работат во насока на трансформација и преструктуирање на начинот на производство, транспорт, снабдување, рециклирање и повторна употреба на храната во 21 век.
Како очекувани придобивки за градовите од активностите во рамки на проектот се намалување на отпадот од храна, обезбедување пристојни можности за егзистенција и безбедна храна за сите и промовирање одржливи начини на производство на храна. Визијата на CITIES2030 е да ги поврзе кратките синџири за снабдување со храна, градовите и регионите, потрошувачите, како и стратешките партнери во индустријата, граѓанското општество, стартап компаниите, малите и средните претпријатија, иноваторите, водечките универзитети и истражувачките центри преку создавање и користење на една дигиталната платформа за управување со урбани системи за храна и екосистеми базирана на блокчеин технологија.
Проектот „Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“ (CITIES2030) со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хоризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.
За повеќе информации за проектот посетете ја официјалната страна: www.cities2030.eu
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.