„Тиквешки лозароовоштари“ бараат средба со претставници на винарските визби и исплата на субвенциите, во спортивно излегуваат на протест
Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопшти вчера Дане Јошев, претседател на здружението.
– „Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, од идниот понеделник па натаму, ќе излеземе на протест, дециден беше Јошев на прес-конференција.
Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање.
Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.
– Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите, најави Јошев на прес-конференцијата во Кавадарци.
Извор: МИА