Трибина на тема „Европски можности за македонското земјоделство“

Трибина на тема „Европски можности за македонското земјоделство“

 

 

Информиран и образован земјоделец е една од основните цели на Општина Могила и во функција на целта се одржа трибина на тема „Европски можности за македонското земјоделство“, посочи градоначалникот Драганчо Саботковски и најави активно учество во програмите за користење на средства од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД 3 за периодот 2021-2027 година.

Според Саботковски, производството на храна е единствената активност која има иднина за развој и токму затоа организирале настан со цел да се информираат земјоделците за што се ќе може да ги искористат парите од европските фондови во рамки на ИПАРД Програмата.

-Сметам дека само добро организиран и информиран земјоделец може да се справи со сите проблеми и предизвици во земјоделството. Општина Могила ќе продолжи да поддржува настани кои се во насока на подобрување на земјоделството, а секако и подобрување на економската моќ на земјоделците, а со тоа и на општина Могила, истакна Саботковски.

Од Општина Могила нагласуваат дека со предизвиците во земјоделството може да се носат оние производители кои се подготвени на промени и вложувања во нови инвестиции.

 

Категории: Вести