Петок 16.07.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Температурите ќе бидат само за некој степен пониски. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Сабота 17.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, но сепак и понатаму ќе бидат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Недела 18.07.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Петок 16.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 34 степени.
Сабота 17.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 34 степени.
Недела 18.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 29 степени.
Петок 16.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 20 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 35 степени.
Сабота 17.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 19 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 36 степени.
Недела 18.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Петок 16.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО.Попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со ретка појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 21 степен, додека максималната ќе се искачи во интервалот од 31 до 36 степени.
Сабота 17.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот локално и повремено ќе засилува. Попладне не се исклучува можноста за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 33 степени.
Недела 18.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 33 степени.
Обратете поголемо внимание при наводнување на вашите култури. Користењето на мрежи за сенка може да го зачуваат квалитетот на вашите плодови.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !
За време на викендот можност за појава на невреме. Извршете ги агротехничките операции додека сеуште времето е стабилно.