Украина го забрани извозот на ‘рж, јачмен, шеќер и месо до крајот на годината
287 Прегледи
Украинската влада со резолуција го забрани извозот на ‘рж, јачмен, хељда, просо, шеќер, сол и месо до крајот на оваа година.
Ваквата одлука ќе ја стави безбедноста на храната низ Европа во силен фокус, што ќе доведе до недостиг на жито и цени на основните производи, коментираат британски медиуми.
Русија и Украина заедно се застапени со околу 30 % од светскиот извоз на пченица и јачмен.
Министерот за земјоделство на Ирска, Чарли Меконалог, изјави дека фармерите, многу производители на млечни производи и говедско месо треба да размислат за одгледување жито оваа година. Тој рече дека земјата увезува 60 отсто од житото.