Ќе имаме ли пласман за производите што се извезуваа во Украина и Русија?

Ќе имаме ли пласман за производите што се извезуваа во Украина и Русија?

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, викендов одржа онлајн состанок со амбасадорите и претставници на Директоратот за економска дипломатија при МНР. Се водеше дискусија за пласманот за производите што се извезуваа во Украина и Русија.

„На моја иницијатива, заедно со Министерството за надворешни работи имавме средба со сите дипломатско-конзуларни претставништва. Разговараме за саеми, како да најдеме вештачко ѓубриво и како да најдеме пласман за пренасочување на производите што одеа за Украина и Русија“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој додаде дека се прават и средби и со министри од земјите од Европа и регионот и се следат количините на трогвците.

Министерот Николовски изјави дека со Интервентниот фонд за помош на земјоделците, од четири милиони евра, два милиона се за вештачко ѓубриво за прихрана на засеаното во сезоната 2021-2022 година.

„Земјоделците треба да знаат дека со сметките за вештачко ѓубриво до 30 април, во мај ќе може да ги поднесат документите, а веќе во јуни да ги добијат средствата. Покриваме 25% од трошоците“ рече Николовски.

Министерот додаде дека освен со тоа, земјоделците се помогнати и со многу други мерки, вклучително и зелената нафта.

 

Категории: Вести