Гигантите Моет Хенеси и Кампари основаат нова заедничка компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалаци

Гигантите Моет Хенеси и Кампари основаат нова заедничка компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалаци

 

Францускиот производител на вино и жестоки пијалаци „Моет Хенеси“ (Moët Hennessy) соопшти дека ќе основа заедничка компанија со италијански „Кампари“ за да прерасне во водечка европска компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалоци.

„Моет Хенеси“, член на гигантот за луксузни производи LVMH, и „Кампари“ ќе имаат еднакви удели во новата компанија, основана со цел инвестирање во компании за продажба преку интернет, и ќе ја вклучува интернет платформата „Танико“.

Моет Хенеси Кампари соработка 02

Фото: images.wsj.net

Трансакцијата ќе се изврши со тоа што „Кампари“ ќе продаде 50 отсто од акциите на новата компанија на „Моет Хенеси“ за 25,6 милиони евра и треба да се склучи откако компаниите ќе ги добијат потребните регулаторни дозволи.

Италијанската компанија ќе го пренесе својот удел во Танико на заедничката компанија, кој се фокусира на онлајн продажба на вино и врвни алкохолни пијалоци под брендот Танико, со удел од 30 проценти во овој сегмент.

Танико поседува и мнозински удел во Ventealapropriete.com, голема платформа за е-трговија во Франција, специјализирана за продажба на врвни вина и алкохолни пијалоци.

Новата компанија ќе ја води Марко Мањокавало, сегашен извршен директор на Танико, кој ќе го задржи статусот на клучен малцински акционер.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести