Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 ден/кг и сега ќе изнесува 39,864 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намали за 0,50 ден/лит., додека пак малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката на РКЕ од 13.12.2021 година.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,00 ден/лит и 75,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,00 ден/лит, односно 64,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .