Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари

392 Прегледи
Невремето од 21 јуни годинава кое зафати седум населени места во прилепско направи штета од 61 милион и 347 илјади денари. Ова е проценетата штета што ја направија комисиите, а прилепските советници го усвоија извештајот.
Беа погодени населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци. Беше зафатена површина од 1.085 хектари, а најпогодени беа површините со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и со тутун.
До комисијата за проценка на штети биле поднесени 279 барања од кои 11 се отфрлени како некомплетни.
Извештајот треба да биде доставен до второстепената владина комисија.
Извор: МИА
Категории:
Вести
Слични Новости

ЈАВЕН ПОВИК: Неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година

Вклучете се во иницијатива за донирање на вишоците храна преку дигиталната платформа поддржана од ЕУ
