ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на волонтери

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на волонтери

 

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува Jавен повик за ангажирање на волонтер за следните волонтерски активности

Вид на волонтерски услуги:

Стручна и оперативна поддршка во областа на земјоделството и руралниот развој;

Стручна и оперативна поддршка во областа на хидротехниката;

Стручна и оперативна поддршка во лабараториите за бактериологија, микрологија, ентомологија и нематологија;

Техничка и оперативна поддршка при користење на Географски информативен систем;

Стручна и оперативна поддршка во областа на шумарството, еко-инженеринг и екоменаџмент;

 

Број на волонтери 10 (десет).

Заинтересираните лица треба да ги исполнуваат следните услови:

– да е полнолетен граѓанин на Р. С. Македонија и

– да има завршено најмалку средно образование.

Секој заинтересиран кандидат, кој ги исполнува горенаведените услови може да ја достави својата биографија и писмо за мотивација (заедно со копија од дипломата за завршен степен на образование и копија од државјанство) во седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, Р. С. Македонија, најдоцна до 4.3.2022 година.

Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.

Волонтерскиот ангажман ќе се заснова за период од 6 (шест) месеци, за што ќе се потпише и договор за волонтирање.

Задоцнетите и некомплетни пријави нема да бидат земени предвид.

Само ангажираните волонтери ќе бидат контактирани.

По завршување на волонтирањето, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не презема обврска за вработување на волонтерите.

 

Категории: Вести