Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% .
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,046 ден/кг и сега ќе изнесува 46,491 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголема за 1,00 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.02.2022 година.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,00 ден/лит и 84,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 73,00 лит/лит. и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит.