Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 ден/кг и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 1,50 ден/лит. и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 2,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит и 83,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 73,00 лит/лит. и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 73,50 ден/лит.
Категории:
Вести