Благ пораст на цените на бензините

Благ пораст на цените на бензините

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,242 ден/кг и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.

Малопродажната цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намалат за 0,50 ден/лит . Од друга страна, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 0,50 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,00 ден/лит и 79,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува  67,00 ден/лит, односно 67,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

 

Категории: Вести