(Видео) Аеропоника – Современ метод на одгледување на растенија без земја

(Видео) Аеропоника – Современ метод на одгледување на растенија без земја

 

Како дел од сферата на интерес на веб-порталот Моја Фарма се и модерните методи во земјоделското производство.  За денес избравме интересен нов метод, кој не е многу застапен на овие простори. Станува збор за аеропоника.

Аеропонскиот начин на производство претставува метод на одгледување на растенија без земја, каде што горниот дел на растението е прицврстен за конструкцијата (статичен), додека коренот на растението виси слободно во воздух.

Растворот од хранливи материи и вода се аплицира така што се се полни во канистер од пумпи, кои потоа под притисок периодично го распрскуваат во форма на ситни капки. Капките стигаат до кореновиот систем на растението при што се впиваат од страна на висечките корени. Корените остануваат хидрирани и ги апсорбираат потребните хранливи материи без да мора да бидат засадени во земја.

За да не бидеме апстрактни, во следново видео може да се погледне аеропонски систем на производство на компир кој дава одлични резултати.

 

Категории: Култури